Почитувани корисници,
Ве информираме дека шалтерот на ТТК Банка АД Скопје Штип ПСС Штип на ул. „Гоце Делчев“ бр.58 нема да работи во периодот од 1 август 2017 година до 31 август 2017 година поради технички причини.
Од 1 септември 2017 година (петок) шалтерот ќе продолжи со работа во редовното работно време од понеделник до петок од 8.00 часот до 16.00 часот.
На ваше располагање, во непосредна близина, на ул. „Ванчо Прќе“ бр. 27 е лоцирана филијала Штип, која работи во редовното работно време од понеделник до петок од 8.00 часот до 16.00 часот и сабота од 9.00 часот до 13.00 часот.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје