ТТК Банка со поддршка на есенското издание на фестивалот "Јаболчиња"
На ден 26.10.2013 се одржа 18-тото есенското издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“ во Тетово. ТТК банка и овој пат ја поддржа оваа културна манифестација наменета за најмладите која прерасна во вистински фестивалски бренд.

ТТК банка во склоп на настанот одбележа присуство со свој штанд со што ги едуцираше најмладите за бенефитите и добрите навики како што е штедењето.
Ваквата поддршка за настанот, која е во согласност со политиката на Банката за општествена одговорност, ќе продолжи и во иднина со цел издигнување на манифестацијата на уште повисоко ниво за да се збогати културниот живот на најмладите.
* 27.10.2013 |