ТТК Банка ви овозможува брза и едноставна постапка за отворање трансакциска сметка во сите филијали/експозитури на банката. Во согласност со промените во Законот за платен промет од 1.1.2008 година, сите клиенти на банките се должни да имаат трансакциска сметка. Преку трансакциската сметка се вршат сите трансакциии, односно уплати и исплати на клиенти.
Кој може да отвори трансакциска сметка?
· физички лица - државјани на Република Македонија;
· физички лица - странски државјани, кои во согласност со законската регулатива имаат третман на резидент;
· малолетни лица и лица на кои им е одземена деловната способност кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските одредби;
· Сопственикот на трансакциската тековна сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка. При овластувањето мора да биде присутно и лицето кое ќе се овластува. Овластувањето се врши на шалтерите во експозитурите и во филијалите на Банката.
Денарска трансакциска сметка
Денарска трансакциска сметка
Дозволено пречекорување на трансакциска сметка
Девизна трансакциска сметка
Девизна трансакциска сметка - резидент
Девизна трансакциска сметка - нерезидент
Општи услови денарска трансакциска сметка, физичко лице - резидент.
Општи услови девизна трансакциска сметка, физичко лице - резидент.
Општи услови трансакциска сметка, физичко лице - нерезидент.
Услови за работење со денарска/девизна сметка на физичко лице – резидент
Услови за работење со денарска/девизна сметка на физичко лице – нерезидент
* Последна промена направена на интернет-страницата 24.11.2020 година.