македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2018

Онлајн промена на дневен лимит плаќање преку Интернет - нова функционалност на VISA платежните картички на ТТК Банка АД Скопје

TTK Банка АД Скопје воведе нова функционалност кај VISA платежните картички со која корисниците имаат можност самостојно да го променат дневниот лимит за плаќања преку Интернет преку електронското банкарство или преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК m-bank. Оваа новина овозможува поголема флексибилност, сигурност и заштита на плаќањата преку Интернет.

Отсега корисниците во секое време и без ограничувања, во согласност со потребите, ќе имаат можност да го променат стандардниот лимит од 20.000,00 денари (дневно) така што ќе го намалат на 0 денари и ќе забранат Интернет трансакции, или пак ќе го зголемат дневниот лимит до максималниот износ од 100.000,00 денари за Visa Electron  и  Visa Classic картичките или до 250.000,00 денари за Visa Business картичките. За поголеми износи и понатаму ќе мора да се доставува барање за одобрување преку шалтерите на Банката.

Новата услуга е бесплатна. За користење на услугата потребно е корисниците да имаат активен дигитален сертификат или софтверски токен, коишто се бесплатни.

Наскоро ќе биде овозможено и управувањето со дневните лимити на платежните картички при повлекување на средства од банкоматите на ТТК Банка АД Скопје како и за плаќања во трговија.

За брзо и лесно користење на новата услуга на ТТК Банка АД Скопје, како и лесна навигација во апликацијата, можете да ги погледнете следните упатства:

Дополнително, за функционалностите на електронското и мобилното банкарство можете да се информирате на:

 

-       електронско банкарство за физички лица

 

-       мобилно банкарство за физички лица

 

-       електронско банкарство за правни лица  

 

       

 

 *објавено на 23.3.2018 година.

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување