македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Картички

Diners Club - TТК Банка персонална картичка

Избери ја Diners Club TTK картичката и искористи ги поволностите што ги нуди ТТК Банка: - Едноставен и лесен начин да аплицирате; - Плаќање на членарина на рати; - Рок на враќање без камата: 8 дена од датумот на фактурирање; - Поголема сигурност и намален ризик од користење готовина; - Практичност- ја намалувате потребата од чекање по шалтерите на банките; - 24-часовен пристап до вашите пари; - Можност да плаќате стоки/услуги и да подигате готовина на широка мрежа на продажни места и банкомати во земјата.

Корисници

·       Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено и определено работно време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во компании и институции прифатливи за Банката над 18-годишна старост

·      Минималните месечни примања на кредитобарателот и жирантите (поединечно) не смее да биде под 9.000 денари при аплицирање за кредитниот производ.

·      Максималната старост на кредитобарателот и жирантите не смее да биде поголема од 70 години старост во моментот на последниот ануитет од кредитот и последниот месец на важење на кредитната картичка.

Валута

·       МКД

Износ

·       Во зависност од кредитна способност - максимум 5000 EUR;

·       Лимит на рати;

·       Основен лимит.

Рок на отплата на важење

·       Прво издавање – 1 година, Обновување – 2 години.

Начин на отплата

·      Рок на враќање без камата: 8 дена од датумот на фактурирање.

·       Фактурирање:

·      за трансакции направени во период од 1-ви до 15-ти во месецот фактурирањето се врши на 16-ти во месецот;

·      за трансакции направени во период од 16-ти до 31-ви во месецот фактурирањето се врши на 2-ри наредниот месец.

·      За износот кој нема да биде платен во рокот што е наведен во фактурата се пресметува законска казнена камата од 12,00% на годишно ниво, прилагодлива.

Обезбедување

·       Еден жирант (Државјанин на Република Македонија деловноспособно лице кое има засновано редовен работен однос во компании и институции прифатливи за Банката).

·       Меница потпишана од корисникот на картичката и жирантот со менична изјава.

·      TТК Банка АД Скопје го задржува правото да побара дополнителни документи како гаранција за кредитниот лимит на членот.

      За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, кредитна картичка и/или потрошувачки кредит (освен хипотекарен) во износ над 300.000 денари за неприматели на плата преку Банката или над 400.000 денари за приматели на плата преку Банката, која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт.

Потребни документи

·       Пополнето и потпишано барање за добивање и користење на картичката.

·       Потврда за заснован работен однос со трансакциски забрани на плата.

·       Шестмесечен просек на исплатен личен доход.

·       Заверен рекапитулар од УЈП за платени придонеси на личен доход (за приватни фирми).

·      Административна забрана и согласност за активирање за корисникот на кредитната картица и жирантот.

·       Копија од важечка лична карта и  пасош на корисникот.

·       Копија од лична карта на жирантот.

Провизии и камати

·      Без провизија за користењето на картичката за безготовински на POS терминали  кои го имаат знакот на Diners Club International.

·      Провизија за подигање готовина на шалтери на ТТК Банка  5%.

·      Провизија за подигање готовина од АТМ и шалтери на други банки во земјата 5% (без минимум).

·       Провизија за подигање готовина од АТМ и шалтери кои го носат знакот Pulse во земјата или во странство.

      - До150 ЕУР = 15 ЕУР.

      - Над 150 ЕУР = 6% од износот.  

·      Камата за средства подигнати на шалтери на Прокредит банка 1,5%.

Членарини

·       Еднократна уписнина 930 денари;

·       Годишна членарина за основна картичка од 1.800 ден. на 12 рати (150 ден.).

·       Годишна членарина за дополнителна картичка од 600 ден. на 12 рати (50 ден.).

Други услови

·      Лимит за подигање готовина од АТМ или од шалтер 15.000 ден. месечно.

Дополнителни трошоци

·       Реиздавање на изгубена картичка - 930 ден.

·       Реиздавање PIN код - 500 ден.

·      Копија на трошок од странство - 8 УСД во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.

·       Копија од домашен трошок - 300 ден.

·      Барање оригинален слип од странство - 21 УСД во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.

·       Финансиска одговорност за неосновано поведен Chargeback (враќање трошок) - максимум 500 УСД во денарска противредност по среден курс на НБРМ.

Можности

·      Овозможува лесно и едноставно користење средства во земјата и во странство.

·       Плаќање до 24 рати безготовински во земјата (во зависност од договорот со трговецот).

Причина повеќе

 

·       Едноставен и брз пристап до пари 24 часа дневно;

·       Плаќање стоки/услуги во земјата и странство;

·      Подигање  готовина на ATM и шалтер во земјата и во странство;

·       Намалување ризик од користење готовина;

·       Се намалува потребата за одење во банка - избегнување шалтери.

 Тарифа Diners парични картички

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

Зоран Мицевски

в.д. Радоводител на Оддел за позадинска обработка – население

Дирекција за позадинска обработка

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 009

e-mail. zoran.micevski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата на 1.9.2017 година.


 

Доделена благодарница на ТТК Банка за поддршката на проектот за млади лидери
Одбележан Светскиот ден на штедење и доделени признанија за најдобрите шалтерски работници за 2017 година
Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување