македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредити

Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот

 

Ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит на ТТК Банка нуди нови поволни услови за кредитирање и рефинансирање на вашите обврски по кредитите. Искористете ја можноста за отплата на долг рок и по пониска каматна стапка. Со само една рата и повеќе средства на располагање во месецот, реализирајте ги вашите долгозамислувани планови. Сега е лесно!

Корисници

·  Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

·   Физички лица кои примаат/не примаат плата преку ТТК Банка;

·   Физички лица кои својата пензија (од ПИОМ) ја примаат преку ТТК Банка.

Критериуми

·  Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·   Во кредитот може да се вклучат до 2 (двајца) кредитоспособни ко-кредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот;

·   Минималните месечни примања на кредитобарателот и ко-кредитобарателите не смее да бидат пониски од 9.000 денари односно 8.500 денари во случај кредитобарателот да е пензионер кој прима пензија од ПИОМ;

·   Максималната старост на кредитобарателот, ко-кредитобарателите не смее да биде поголема од 70 години при доспевање на последниот ануитет на кредитот.

Износ

·   Во зависност од кредитоспособноста и проценетата вредност на заложениот имот (1:1,2  до 1:3  во зависност од атрактивноста на објектот).

Валута

·   МКД со девизна клаузула (денарска противвредност на EUR според средниот курс на курсната листа на НБРМ кој важи на денот на исплатата на кредитот);

Начин на отплата

·   Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

·   Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·   12-180 месеци, со вклучен грејс период до 6 месеци

Каматна стапка

МКД со девизна клаузула

·          4,90% годишна фиксна каматна стапка во првите три години, 6 месечен ЕУРИБОР + 6,30 процентни поени, не пониска од 6,30% годишна променлива каматна стапка од четвртата година од отплатата до целосната отплата на кредитот за категорија на корисници на Премиум СМАРТ пакетот (1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 15.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физичко лице  кое се вработено во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка; и категорија на корисници на Премиум ВИП пакетот (физички лица кои ги исполнуваат условите за корисници на ВИП кредитот и кои ја примаат платата преку ТТК Банка) и приматели на плата/пензија во ТТК Банка (I категорија);

·         6 месечен ЕУРИБОР + 7,50 процентни поени не пониска од 7,50% годишна променлива каматна стапка, за категорија на корисници кои не ја примаат платата/пензијата преку ТТК Банка (II категорија).

 

        *За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·   7,628% годишна променлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски за кредит (МКД со девизна клаузула);

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Провизии

 

·   900 денари надомест за обработка на барање;

·   Надоместок при исплата на кредитот:

   - За износ до 30.000 евра  2,0% од износот, мин. 6.000 денари;

   - За износ над 30.000 евра 1,5% од износот;

·  За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот);

·   За предвремена делумна отплата 3% од предвреме уплатениот износ;

·   За предвремена целосна отплата 3% од износот на предвреме вратениот главен долг;

·  Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

·   трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·    трошоци за процена на вредноста на недвижниот имот во согласност со тарифата на овластен проценител;

·    нотарска награда за солемнизација на договорот за залог во согласност со нотарската тарифа;

·    трошоци за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга;

·    трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

СВТ

·   Преглед на СВТ

Обезбедување

·   Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1,2 до 1:3 во зависност од атрактивноста на објектот);

·   Меница и менична изјава за кредитобарателот и ко-кредитобарателите;

·  Административна забрана и согласност за активирање од кредитобарателот и кокредитобарателите (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава).

Потребни документи

·   Апликација за кредит;

·   Фотокопија од важечка лична;

·   Карта или пасош за кредитобарателот и ко-кредитобарателот;

·   Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата;

·   За вработени во приватни фирми образец ПП 53 (Декларација од УЈП) за последните 3 месеци за кредитобарателот и ко-кредитобарателот;

·   За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ);

·   Имотен лист;

·   Доказ дека имотот не е под залог;

·   Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година - Без трошоци за процена од вработен проценител во Банката;

·  Осигурување на имотот и винкулација во корист на ТТК Банка за сите години до конечна отплата на кредитот;

·   Извод од матична книга на родени/венчани;

·   Нотарски акт.

Исплата

·   На трансакциска сметка на корисникот на кредитот.

 

 

Пример

Вид на кредитот

Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот, 

МКД со девизна клаузула,  за вработени во буџетски институции/акционерски друштва и институции прифатливи за Банката, приматели на плата

(Премиум СМАРТ Пакет)

Износ

30.000 евра

Рок на отплата

180 месеци

Износ на ануитет

235,69 евра во првите три години; 254,02 евра за останатиот период

Начин на отплата

-Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

-Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Каматна стапка

4,90% годишна фиксна к.с. во првите три години од отплатата и 6,30% годишна променлива к.с. за останатиот период од отплата.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

6,37%

Вкупен износ за плаќање

36.233,51 евра

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

30.000 евра

Вкупен износ на камата за кредитот

6.048,56 евра

Надомест за одобрување на кредитот

(2,00% мин. 6.000 денари, во висина до 30.000 евра)

Надомест за администрирање на кредитот

542,61 евра за целиот период на отплата (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

900 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Не е познат *Овој трошок не влегува во СВТ.

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.6.2017

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.10.2017 година.


 

Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување