ТТК Банка АД Скопје спонзор на пролетното издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“ 2018 година
На 26 мај 2018 година во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово се одржа 24-от по ред фестивал на детски песни „Јаболчиња“ во организација на Здружението на граѓани „Јаболчиња“ од Тетово.
Се претставија нови 17 композиции, со интересна сценска кореографија и придружба на фестивалскиот хор, од коишто повеќето песнички ќе станат големи хитови.
И оваа година, Банката како општествено одговорна компанија го поддржа овој познат детски фестивал во Тетово. На дечињата им се поделија едукативни подароци.

*објавено на 29.5.2018 година. |