Признание за филантропија 2008 - ЦИРА
На 18.05.2009 год., во Музеј на град Скопје, традиционално се одржа доделувањето "Награди за филантропија 2008" во организација на Центарот за инситуционален развој (ЦИРА).
На настанот беа доделени шест награди за филантропија, во неколку категории: индивидуален филантроп од Македонија, индивидуален филантроп од дијаспората, здуржение на граѓани, институција или медиум кој придонел за подигнување на свесноста кај јавноста, здружение на граѓани, голема национална компанија и мало и средно претпријатие. Одлуката за добитниците на награди ја донесе независно стручно жири, кое беше составено од претставници на бизнис-заедницата, медиумите, естрадата, граѓански организации и др.
ТТК Банка беше номинирана и влезе во потесен круг во изборот за награда за корпоративна филантропија за 2008 година, во категоријата голема национална компанија. Во оваа категорија, номинирани беа многубројни претпријатија кои со својот придонес овозможиле подобрување, олеснување и развој на животот во заедницата. Во трка со поголемите, ТТК Банка влезе во потесен круг и беше одбрана меѓу тројца финалисти од вкупно 15 номинирани во оваа категорија.
Во улога на општествено одговорна компанија, ТТК Банка во текот на 2008 година реализираше низа активности и проекти во вид на донации, добротворни активности, волонтерство и слични активности кои придонесуваат во процесот на градење здрава и просперитетна заедница. Главни активности кои ја одбележаа 2008 година се: Глобална недела на претприемачот, Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаќи", проектот "Звуци од Македонија", донација за СОС Детско село, донација за Клиника за детски болести-Скопје, донација Клинички центар Тетово, донација за Здружение за хендикепирани лица и поединци, КУД Кочо Рацин, поддршка на спорт, Народен театар Битола, поддршка на промоција на современа уметност во Македонија, Акто фестивал и многу други активности.
Реализирајќи ги овие активности, ТТК Банка придонесе во подигнување на свесноста кај вработените и граѓаните, како и стимулирање на заедницата за вложување, донирање и активно вклучување во подобрувањето на условите за живеење во заедницата и постигнување одржлив развој. Грижата и хуманата активност кон сите на кои им е потребна помош е определба на ТТК Банка, која работи во тоа опкружување и се чувствува како дел од целата заедница. |