македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Спонзорства и донации 2011

Национална награда за општествена одговорност 2010 год.

 

Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на Економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за економија на Р. Македонија, денеска свечено одликуваше единаесет македонски компании за спроведување општествено одговорни практики.

 

Во категоријата „Вложување во заедницата“, категорија со голем број општествено одговорни проекти на големи и средни претпријатија, на ТТК Банка ѝ беше доделена Националната награда за општествена одговорност за 2010 година, за успешно спроведениот проект Во поддршка на заедницата.

 

 

 

„Оваа награда претставува големо признание за ТТК Банка која во изминатите неколку години ја дефинираше и ја спроведуваше својата стратегија за општествена одговорност, за што стана препознатлива во јавноста. Особено сме горди што ТТК Банка се истакнува во однос на другите објекти од финансискиот сектор бидејќи е единствена банка која доби национална награда. Во денешниот свет на глобализација, потребно е да се посветите на луѓето на кои им е потребна помош, а грижата и хуманата активност е обврска на ТТК Банка, која работи етички и се посветува на поддршка и развој на заедницата“, изјави г-ѓа Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на Дирекцијата за маркетинг и развој на производи на ТТК Банка.

 

Проектот „Во поддршка на заедницата“ е продолжение на проектот „Во поддршка на најмладите“ за кој ТТК Банка ја доби истата награда во 2008 година. ТТК Банка го реализираше овој проект во повеќе фази што вклучуваа поддршка на проекти, активности и настани кои имаат за цел да го поттикнат правилниот развој на граѓаните од заедницата, полесна социјализација на лицата со посебни потреби, создавање еднакви можности и права на сите граѓани.

 

Оваа година за Националната награда за општествена одговорност за 2010 година конкурираа 38 мали и средни и големи претпријатија со 63 проекти кои поминаа низ повеќе евалуации од страна на стучно жири. Целта на доделувањето на наградата е да се промовираат позитивни практики на општествено одговорно дејствување и да инспирираат натамошно унапредување на општествена одговорност кај претпријатијата во Македонија. Националната награда се доделува по четврти пат и ќе продолжи и во иднина да ги мотивира и да ги инспирира македонските компании да вложуваат во општеството.

 

 

 


 

Нови атрактивни услови за ненаменските потрошувачки кредити во ТТК Банка
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување