ТТК Банка покровител на "Глобална недела на претприемништво"
“Глобална недела на Претприемништво” претставува глобалeн настан за промоција и поддршка на претприемачите кој се одржа од 17 до 23 Ноември 2008 во 75 земји во светот.
Македонија е една од земјите учеснички кои земаа учество оваа година и се организираа настани на околу 50 локации низ републиката. Во текот на една недела, голем број успешни копмании, мали и средни претпријатија како и млади претприемачи се сретнаа на едно место со цел, отпочнување и стимулирање на креативни идеи на луѓето за отпочнување на свој сопствен бизнис како и придонес во развојот на економијата во целост.
Присуството на овој настан претставуваше одлична можност за размена на идеи и искуство со успешни компании од земјата и странство. ТТК Банка како успешна банка од редот на малите и средни банки, ги презентираше своите искуства како и своето богато портфолио на производи и услуги наменети за мали и средни претпријатија. Свое обраќање пред присутните имаа Премиерот на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски како и претставници од Влада на Р. Македонија. Повеќе детали може да видите на www.gew.com.mk.

|