Известување за правата на запишувачите на долгорочните должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница од втората емисија
ТТК Банка АД Скопје на ден 14.2.2020 година ја регистрираше во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница – 1.500 корпоративни обврзници по номинална вредност од 1.000 ЕУР и вкупна номинална вредност од 1.500.000 ЕУР, односно 92.477.396,00 денари.
Правата од долгорочните должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница втора емисија настануваат на ден 14.2.2020 година, по извршениот упис на хартиите од вредност на сметките на запишувачите во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
* објавено на 17.2.2020 годинa |