македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Соопштенија за јавност 2018

Инстант кредит со електронско одобрување -  нов иновативен производ на ТТК Банка АД Скопје 

 

Во согласност со пазарните услови и потребата за понуда на иновативни, технолошки напредни банкарски производи и услуги, ТТК Банка АД Скопје понуди кредитен производ Инстант кредит, со целосно автоматизиран процес на анализа и проверка на критериуми за одобрување на кредитот.

 

Во моментов, производот е достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје кои, едноставно, брзо и без чекање во редови, имаат можност да обезбедат дополнителни средства до 60.000 денари, со рок на отплата до 12 месеци, со фиксна каматна стапка од 5,9% годишно, без трошоци за аплицирање и администрирање, без меница и без административна забрана.

 

Инстант кредитот во целост ја поедноставува и ја зголемува ефикасноста на постапката за одобрување кредит којашто се одвива во неколку фази: онлајн aплицирање за кредитот преку услугата - електронско банкарство, автоматизирана системска проверка и одобрување на кредитот; електронско известување за одобрување на кредитот преку СМС порака и е-пошта; потпишување на договорот и исплата во најблиската експозитура.

 

Во изминатите неколку години ТТК Банка АД Скопје интензивно ги развива услугите и производите достапни преку електронското и мобилното банкарство коишто промовираат ново и подобрено корисничко искуство без временски и просторни ограничувања. Корисниците на ТТК Банка АД Скопје имаат можност да вршат моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања за пократко време и со пониски трошоци како и да орочуваат средства без доаѓање во банка. Корисниците ја препознаваат предноста и практичноста и на електронските сервиси за информирање (СМС и е-пошта) - сервис што овозможува најбрзо информирање преку СМС или на е-пошта за секоја промена и извршена трансакција што пак придонесува за поголема сигурност, безбедност и заштита при реализацијата на трансакции и истовремено до поголемо задоволство.

 

ТТК Банка АД Скопје е проактивна банка којашто е насочена кон зголемување на задоволството на корисниците од понудените производи, од квалитетот и брзината на услугата што можат да ја добијат.

 

 

 

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

 

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување