Известување за непречено работење и промена на работно време на експозитурата во градот Дебар
Почитувани клиенти,
Ве информираме дека Во услови на засилени мерки за заштита од ширење на Ковид -19 во земјата ТТК Банка АД Скопје продолжува непречено со работа и со извршување на клучните функции со што нашите услуги остануваат и понатаму достапни на граѓаните и на правните лица.
Експозитурата во градот Дебар продолжува да работи со скратено работно време од понеделник до петок од 9 до 13 часот, а во саботите експозитурата нема да работи. Скратеното работно време ќе трае додека важат мерките и препораките донесени од Владата.
За работното време на филијалите и експозитурите може да се информирате на веб страницата и на мобилната апликација на Банката.
Ве повикуваме редовно да ги следите информациите кои Банката ги објавува.
Во согласност со Одлуките на Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Банката, Ве советуваме:
· Да комуницирате со Вашите лични банкари по електронски пат или на телефонските броеви на експозитурите, објавени на веб страницата на Банката
· На Ваше располагање, 24/7, се информациите и услугите достапни преку електронските канали на Банката: електронско банкарство TTK E-bank, мобилно банкарство TTK M-bank, веб-страницатa www.ttk.com.mk како и мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје објавени на веб страницата на Банката и на мобилната апликација на Банката
· Да ги редуцирате Вашите посети во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје коишто редовно се чистат и дезинфицираат
· Во случај на неодложна посета на Банката да одржувате пристојно растојание од најмалку 1 метар со вработените или останатите присутни; да избегнувате ракување и директен контакт при поздравување, да избегнувате долго задржување во просториите, како и да ги користите средствата за дезинфекција на рацете поставени на Ваше располагање во експозитурите и филијалите на Банката; при потреба за искашлување/кивање покривајте ја устата со марамче за еднократна употреба или искашлајте во лактот
· При користењето на банкоматите применувајте ги препорачаните хигиенски мерки за спречување на ширење на вирусот Ковид-19
· Доколку се соочувате со некакви симптоми на настинка, заради мерки на претпазливост против ширење на инфекција со Ковид-19 вирусот, Ве молиме Ваш приоритет да биде користењето на услугите преку електронските канали на Банката
Ви благодариме за препознавањето на важноста на заштитата на сопственото здравје, како и на здравјето на другите и за придржувањето кон овие совети.
Со почит, ТТК Банка АД Скопје
*16.3.2020 година
|