македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Профил на ТТК Банка

Историја на ТТК Банка

ТТК БАНКА АД Скопје дејствува како акционерско друштво во својство на правно лице, од 1 јули 2006 година, во согласност со одредбите на Законот за банки, според одлука на Гувернерот на Народна Банка на Република Македонија, како резултат на спојување на Тетекс – Кредитна банка АД Скопје и "Тетовска банка" АД Тетово во нова банка - ТТК БАНКА АД Скопје.

Економската оправданост за спојувањето на двете банки поаѓа од карактеристиките на макроекономските услови во Република Македонија како амбиент за дејствување, од влијанието на пазарот, односно потребата да се совладаат притисоците од конкуренцијата и промените во однос на свесноста на клиентите за финансиските услуги што ги нудат банките, како причини за преземање иницијативи за окрупнување на банкарскиот систем во земјата.  

ТТК Банка АД Скопје својата активност ја реализира врз основа на институционални услови и материјални претпоставки, дефинирани во макроекономската и монетарно-кредитна политика на земјата и целите и задачите, утврдени со деловната политика на Банката.  

Банката самостојно и успешно ги обавува сите активности во кредитното работење со физички и правни лица, кредитирање на мали и средни претпријатија и големи клиенти, денарско и девизно штедење, платежни картички, тековни сметки, платен промет во земјата, платен промет во странство, тргување со хартии од вредност, брз трансфер на пари MoneyGram и електронско банкарство, во согласност со сите начела на банкарско работење, насочени кон одржување стабилност и сигурност во работењето, подобрување на бонитетот и профитабилност во работењето.  

Развојниот план на Банката се состои во донесување најдобри одлуки во дадени услови и преземање активности за остварување на поставените цели. Банката постојано го усогласува своето работење со условите во земјата и учеството на странскиот капитал во стопанството и во банкарскиот сектор.   

Со своето присуство со организациски делови во други градови во земјата, Банката настојува да ги мобилизира слободните парични средства на физички и правни лица, сè со цел кон приближување до своите клиенти во нудење на банкарските услуги, привлекување нови клиенти и проширување на клиентската база, што доведува до создавање повисоки вредности за своите акционери.   

Банката води политика на реална позитивна каматна стапка, реална тарифна политика, со цел задржување на конкурентната способност во банкарското опкружување.


 

Известување за експозитура Кривогаштани
Известување за шалтер Брвеница
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување