ТТК Банка со поддршка и учество на првата конференција за инвестирање во недвижности во Македонија
На 4 октомври 2016 година се одржа првата конференција за инвестирање во недвижности во Република Македонија во организација на консултантската куќа Knowledge Center и првата електронска аукциска куќа на Балканот е-аукција.мк.
Конференцијата се одржа со цел да ги поврзе сите чинители што делуваат на пазарот на недвижности и да овозможи споделување искуства и практики, да информира за трендовите, регулативата, можностите на пазарот на недвижности, да презентира современи методи и решенија за продажба на имот преку електронска аукција.
Следејќи ги актуелните трендови, ТТК Банка ја поддржа реализацијата на конференцијата на која ги презентираше атрактивните услови на понудата на станбени и хипотекарни кредити, како и понудата на недвижен имот во сопственост на Банката.

*објавено на 10.10.2016 година.
|