македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Известувања

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје,  а во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за банките објавени во Службен весник на РМ бр.190 од 17.10.2016 година, Надзорниот одбор на

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА 

ЈАВЕН  ПОВИК 

ЗА УЧЕСТВО НА XXVII СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ    

                Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр.02-1915/2 од 27.2.2017 година, XXVII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на ден 31.3.2017 година (петок) со почеток во 12.00 часот, во просториите на Банката во т.ц. Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19а во Скопје, со следниот предлог

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН  ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието;

II.   РАБОТЕН  ДЕЛ

1.     Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2016 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со предлог-одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;

2.     Разгледување финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2016 година (по НБРМ; по МСФИ) ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со предлог-одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;

3.     Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2016 година, со предлог-одлука за усвојување;

4.     Разгледување предлог-одлука за употреба и распоредување на нераспределенета добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2016 година;

5.     Разгледување предлог-одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2016 година (дивиденден календар);

6.     Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2016 година, со предлог-одлука за усвојување;

7.     Разгледување предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;

8.     Разгледување предлог-одлука за ставање вон сила на Кодексот за корпоративно управување во ТТК Банка АД Скопје;

9.     Разгледување предлог-одлука за продолжување на мандатот на Одборот за наградување.

Во согласност со предлог-одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2016 година (дивиденден календар), донесена од Надзорниот одбор на Банката на 27.2.2016 година, предложениот износ на бруто-дивиденда за една обична акција изнесува 82,22214 денари, односно 8,222214% во однос на нејзината номинална вредност од 1.000,00 денари.  

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс:02/3131-387;  e-mail:sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на Дневниот  ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој  акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоци за начинот на исраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

 

Акционерите може да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 9.3.2017 година до 16.00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во т.ц. Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19а во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

 

                                   претседател на Надзорен одбор

                                               на ТТК Банка АД Скопје  

                                             м-р Глигорие Гоговски с.р.

 

 

 

1. Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права

2. Пријава за учество

3. Прашања од акционерите во врска со точките од Дневниот ред

4. Вклучување на нови точки и одлуки во Дневниот ред и предлагање на нови одлуки 

5. Гласање преку полномошник

6. Полномошна за физички и правни лица 

7. Резултати од гласањето

8. Записник

 

*1.3.2017 година


 

Доделена благодарница на ТТК Банка за поддршката на проектот за млади лидери
Одбележан Светскиот ден на штедење и доделени признанија за најдобрите шалтерски работници за 2017 година
Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување