Благодарница за значаен придонес во афирмација на специјалното училиште „Иднина“ 2010
По повод 40 години од постоењето на посебното основно училиште „Иднина“ од Скопје, беше организирана свечена манифестација на која беа доделени благодарници на сите поединци, институции и компании кои дале значаен придонес во афирмација на училиштето.
Во улога на општествено одговорна компанија, на ТТК Банка ѝ беше доделена Благодарница за несебичната поддршка и дадениот придонес, кои овозможуваат редовно образование и полесна социјализација на децата со посебни потреби.
Во рамки на својата поддршка на посебното основно училиште „Иднина“, ТТК Банка настојува да овозможи правилен развој и нормално образование на сите деца, еднакви права и можности на децата со посебни потреби и подигнување на свеста и хуманоста на сите граѓани за заштита и помош на оние деца на кои помошта им е најпотребна.

... |