Известување по повод објавена информација за дејноста на Тетекс АД Тетово
Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста ТТК Банка АД Скопје известува дека Тетекс АД Тетово, како најголем акционер на ТТК Банка АД Скопје не престанува со работа. Одлуката за престанок на производството на тешка конфекција пренесена и преку официјалното соопштение на Тетекс АД Тетово преку Македонска берза, е донесена во насока на рационализација и одржување на позитивното работење на компанијата како и со цел заштита на правата и интересите на акционерите.
Акционерското друштво Тетекс АД Тетово, кое е со над 1.000 акционери за целиот изминат период работеше со добивка и во иднина ќе продолжи да работи со позитивни резултати како и досега и да исплатува дивиденда за своите акционери. Сите обврски кон доверителите и вработените навремено и во целост се исполнуваат.
Објавата на ценовно чувствителната информација на нашиот најголем акционер Тетекс АД Тетово за престанок на производство на тешка конфекција, нема да има никакво влијание на работењето на Банката и нејзините резултати, бидејќи Тетекс АД Тетово важи за компанија која рабoти со позитивни финансиски резултати години наназад и ќе продолжи да работи и во иднина.
Банката претставува посебен самостоен субјект, акционерско друштво, кое во целост ги почитува сите законски и подзаконски супервизорски стандарди во нејзиното работење и повеќе години наназад во низа остварува успешни позитивни финансиски резултати кои резултираат со поделба на дивиденда по акција која е меѓу најприносните на Македонската берза за хартии од вредност.
ТТК Банка АД Скопје и оваа 2020 година, продолжува со реализацијата на своите стратешки документи, деловна политика и финансиски план и во тие рамки во целост ја остварува својата мисија да создава вредности за своите акционери, комитенти и вработени во Банката.
*објавено на 12.2.2020 година |