македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Онлајн штедење
Кусур штедење
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Известување по повод објавена информација за дејноста на Тетекс АД Тетово

 

 

Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста ТТК Банка АД Скопје известува дека Тетекс АД Тетово, како најголем акционер на ТТК Банка АД Скопје не престанува со работа. Одлуката за престанок на производството на тешка конфекција пренесена и преку официјалното соопштение на Тетекс АД Тетово преку Македонска берза, е донесена во насока на рационализација и одржување на позитивното работење на компанијата како и со цел заштита на правата и интересите на акционерите.

 

Акционерското друштво Тетекс АД Тетово, кое е со над 1.000 акционери за целиот изминат период работеше со добивка и во иднина ќе продолжи да работи со позитивни резултати како и досега и да исплатува дивиденда за своите акционери. Сите обврски кон доверителите и вработените навремено и во целост се исполнуваат.

 

Објавата на ценовно чувствителната информација на нашиот најголем акционер Тетекс АД Тетово за престанок на производство на тешка конфекција, нема да има никакво влијание на работењето на Банката и нејзините резултати, бидејќи Тетекс АД Тетово важи за компанија која рабoти со позитивни финансиски резултати години наназад и ќе продолжи да работи и во иднина.

 

Банката претставува посебен самостоен субјект, акционерско друштво, кое во целост ги почитува сите законски и подзаконски супервизорски стандарди во нејзиното работење и повеќе години наназад во низа остварува успешни позитивни финансиски резултати кои резултираат со поделба на дивиденда по акција која е меѓу најприносните на Македонската берза за хартии од вредност.

 

ТТК Банка АД Скопје и оваа 2020 година, продолжува со реализацијата на своите стратешки документи, деловна политика и финансиски план и во тие рамки во целост ја остварува својата мисија да создава вредности за своите акционери, комитенти и вработени во Банката.

 

 

*објавено на 12.2.2020 година


 

Известување за правата на запишувачите на долгорочните должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница од втората емисија
ТТК Банка АД Скопје ја реализираше втората емисија на корпоративни обврзници
Известување за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност
Известување по повод објавена информација за дејноста на Тетекс АД Тетово
ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за кредитни производи за физички лица до 31 март 2020 година
TТК Банка АД Скопје ја продолжи понудата на промотивниот депозит ПРОМО ФИКС 15 до 31 март 2020 година
Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница по пат на јавна понуда (втора емисија)
Нова услуга за уплата на парични средства „CashIn“ на банкоматите на ТТК Банка АД Скопје
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување