македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Спонзорства и донации 2018

ТТК Банка АД Скопје – спонзор на активностите на Македонската филхармонија во новата концертна сезона 2018/19

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо  задоволство и безрезервно ја дава својата поддршка на Македонската филхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава.

 

Во текот на новата концертна сезона 2018/19, ТТК Банка АД Скопје ќе биде горд поддржувач, ќе ги следи и ќе се радува на врвните музички изведби на фантастичните музичари од земјава и од светот, солистите и диригентите, кои ќе настапуваат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

 

Со оваа соработка, ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата посветеност на вредностите што ги застапува - квалитет, ентузијазам, умешност, искуство и знаење, тимски дух и професионалност. Ова партнерство истовремено ја означува и промовира соработката помеѓу културата и бизнисот што претставува глобален тренд и е од огромно значење за развој на современите концепти на уметничкото и културното творештво.

 

ТТК Банка АД Скопје како банка со традиција и искуство од една, и иновација и ентузијазам од друга страна, е веќе препознатлива како општествено одговорна компанија којашто поддржува значајни проекти од областа на културата, науката, спортот и поширокиот општествен интерес.

 

Со радост и во исчекување на нови уникатни доживувања, го поздравуваме почетокот на новата концертна сезона и посакуваме успешни и незаборавни концерти во кои ќе имаме прилика да уживаме!

 

      

 

 

*објавено на 2.10.2018 година.

 

 


 

ТТК Банка АД Скопје изврши промена на тарифата за услугите во платниот промет
TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица
Известување за надградба на системот за електронско банкарство
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица
Намалени провизии за девизни плаќања за физички и правни лица
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен со намален надоместок за одобрување во промотивен период до 28.2.2019 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 28.2.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување