ТТК Банка со нова експозитура во општина Кривогаштани
Денес, ТТК Банка отвори нова експозитура во општина Кривогаштани, a со цел приближување на производите и услугите до крајните корисници на подрачјето на пелагониската крстосница, која ги поврзува блиските градови Прилеп, Крушево, Битола, Демир Хисар.
Со отворањето на новата експозитура ТТК Банка придонесува за регионалниот економски развој, подобрување на локалните економски услови и квалитетот на животните услови на граѓаните.
Корисниците на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзалните банкарски активности: платен промет во земјата и во странство, менувачко работење, брз трансфер на пари, кредитирање физички и правни лица, депозитно работење и други.
На територијата на Р.Македонија, ТТК Банка ги опслужува своите корисници во 32 деловни единици: 7 филијали, 22 експозитури, 3 шалтери.
*14.5.2014 |