Ненаменски потрошувачки кредит - за неприматели на плата/пензија
- БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
- БЕЗ ЖИРАНТИ до 300.000 денари
- МЕСЕЧЕН АНУИТЕТ - 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
Корисници |
-
Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, финансиски институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои не се приматели на плата преку ТТК Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години.
-
Пензионери кои не се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 9.000 денари и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години. |
Критериуми |
-
Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
-
Во кредитот НЕ МОЖЕ да се вклучат ко-кредитобаратели.
-
За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот. |
Износ |
|
Валута |
|
Рок на отплата |
|
Каматна стапка |
|
Трошоци |
-
700 денари за обработка на барање за кредит.
-
Надоместок за одобрување при исплата на кредитот 2,80% мин. 2.000 денари.
-
За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот) на кредитот.
-
БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата.
-
Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно). |
Обезбедување |
Останато:
-
Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 400.000 денари).
-
Административна забрана на плата.
-
Траен налог.
-
За кредити од 300.001 до 600.000 денари потребен е 1 (еден) жирант.
-
По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и. |
СВТ |
|
Потребни документи |
-
Апликација за кредит.
-
Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантот/ите.
-
Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантот/ите (доколку институцијата каде што работат не издава административни забрани).
-
За лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 (три) месеци.
-
За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ). |
Документи за наплата |
|
Исплата |
|
Пример
Вид на кредитот |
Ненаменски потрошувачки кредит - за неприматели на плата/пензија |
Износ |
150.000 денари. |
Рок на отплата |
60 месеци. |
Износ на ануитет |
3.151 денари за целиот период на отплата. |
Начин на отплата |
Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот. |
Каматна стапка |
9,50% годишна променлива к.с. за целиот период на отплата. |
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) |
11,84%. |
Вкупен износ за плаќање |
195.079 денари. |
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува: |
Износ на кредитот |
150.000 денари. |
Вкупен износ на камата за кредитот |
39.022 денари (во износот не е вклучена интеркаларна камата). |
Надоместок за одобрување на кредитот |
4.200 денари (надоместок за одобрување 2,80% мин. 2.000 денари). |
Надоместок за администрирање на кредитот |
957 денари (0,2% на остатокот од долгот, годишно, однапред на главниот долг на кредитот). |
Надоместок за обработка на барање |
700 денари. |
Трошок за меница |
200 денари. |
Датум на пример |
1.10.2020 година. |
Лице за контакт:
Бојан Штерјовски
Раководител на Оддел за работа со население
Дирекција за деловна мрежа
Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480
e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk
* Последна промена направена на интернет-страницата 1.3.2021 година.
|