македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот со РИЗИКО животно осигурување со 4,70% годишна фиксна каматна стапка во првите три години (без надоместок за одобрување до 31.12.2020 година)

Ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со ризико животно осигурување на ТТК Банка нуди нови поволни услови за кредитирање и рефинансирање на вашите обврски по кредитите. Искористете ја можноста за отплата на долг рок и по пониска каматна стапка. Со само една рата и повеќе средства на располагање во месецот, реализирајте ги вашите долго замислувани планови. Сега е лесно!


Корисници

 

·       Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, институции прифатливи за Банката, приматели на плата преку ТТК Банка Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 12.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години

·       Пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка со минимален износ на месечни примања не пониски од 9.000 денари, кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари  од 75 години

·       Пристапната возраст за полиса за ризико животно осигурување е од 18 до 65 години

Критериуми

·       Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот

·       Во кредитот МОЖЕ да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели

·       За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот

Износ

(со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување)

·       Од 180.000 денари до 12.000.000 денари

Валута

·       МКД

Рок на отплата

      

·       Од 12 до 240 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци

Каматна стапка

(годишна)

·       4,70%  фиксна каматна стапка во првите три години

·       5,53% (НРС + 4,00 процентни поени) променлива од четвртата година од отплатата до целосната отплата на кредитот

Трошоци

 

·       900 денари надомест за обработка на барање

·       БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување на кредит во промотивен период до 31.12.2020 година

·       БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање на кредитот

·       БЕЗ ТРОШОЦИ за процена

·       Tрошоци за интеркаларна камата

·        Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа

·       Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија

·       Трошок за полиса за ризико животно осигурување

 

Обезбедување

·       Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбе дувањето (1:1,2 до 1:3 во зависност од атрактивноста на објектот)

·       Меница со менична изјава

·       Административна забрана на плата

·       Траен налог

·       Полиса за ризико животно осигурување

Полиса за ризико животно осигурување

·       ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје

·      Полисата за ризико животно осигурување претставува осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит. Полисата овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан: смрт како последица од болест или несреќен случаj во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје

·      Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје и истата е винкулирана во корист на ТТК Банка

·       Рокот на важност на полисата треба да го покрива најмалку целиот период на отплата на кредитот

·       Премијата за полисата за ризико животното осигурување e вклученa во одобрениот износ на кредитот и се плаќа еднократно

·       Висината на премијата за полиса за ризико животното осигурување се утврдува во зависност од висината на одобрениот кредит, возраста и полот на корисникот на кредитот, здравствен прашалник, а во согласност со тарифата на осигурителното друштво

СВТ

·       Преглед на СВТ

Потребни документи

 

·       Апликација за кредит

·       Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и ко-кредитобарателот

·       Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата

·       За вработени во приватни фирми образец ПП 53 (Декларација од УЈП) за последните 3 месеци за кредитобарателот и ко-кредитобарателот

·       За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ)

·       Имотен лист

·       Доказ дека имотот не е под залог

·       Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година или процена од вработен проценител во Банката во согласност соТарифата за надоместоци

·       Осигурување на имотот и винкулација во користна ТТК Банка за сите години до конечна отплата на кредитот

·       Извод од матична книга на родени/венчани

·       Нотарски акт

 

Пример:

Вид на кредитот

Хипотекарен кредит во МКД со ризико животно осигурување

Износ

2.000.000 денари

Рок на отплата

240 месеци

Износ на ануитет

12.870 денари во првите три години; 13.674 денари во остантиот период

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот

Каматна стапка
(годишна)

4,70% фиксна каматна стапка во првите три години

5,53% (НРС + 4,00 процентни поени) променлива од четвртата година од отплатата до целосната отплата на кредитот

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

5,40%

Обработка на барање за кредит

900 денари

Надоместок за одобрување на кредитот

Без надоместок во промотивен период до 31.12.2020 година

Надоместок за администрирање на кредитот

Без надоместок

Трошок за меница

500 денари

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Без трошоци за процена

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Во согласност со нотарската тарифа

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имото од сновни ризици

Во согласност со тарифата на осигурителната компанија

Трошок за полиса за ризико животно осигурување

Во согласност со тарифата на осигурителната компанија

Датум на пример

1.10.2020 година

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.10.2020 година.


 

Известување за предвремена исплата на пензиите од 27-ми октомври 2020 година
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 5-ти октомври
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2020 година
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување