Бизнис-денови низ Македонија 2011
Веќе трета година по ред, словенечко-македонскиот бизнис-клуб го промовира словенечкото и македонското стопанство со roadshow низ државата, односно посета на повеќе општини. Оваа година на плоштадот во Куманово беше промовирана добрата соработка помеѓу Словенија и Македонија, како и промоција на членките од клубот, кои имаа можност да остварат соработка и можности за проширување на бизнисот и директна комуникација со потрошувачите.
ТТК Банка е една од членките на словенечко-македонскиот бизнис клуб, која, исто така, направи промоција на своите производи и услуги, преку директна комуникација со посетителите кои имаа можност поблиску да се запознаат со работењето на Банката и со понудата на производи и услуги за население и правни лица.
Бизнис-деновите се всушност еднодневни саеми, кои се одржуваат на ударни локации во градовите, на плоштади и во трговски центри.
Словенечко-македонскиот бизнис-клуб е непрофитна интересна заедница на претпријатија и поединци, основан во декември 2004 година. Денеска клубот брои повеќе од 130 членови кои претставуваат јадро на таа стопанска соработка помеѓу двете држави.

|