Известување за предвремена исплата на јунски пензии
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека почнувајќи од 26 јуни 2020 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:
· од 26.6.2020 г. (петок) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински - преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, во услови на заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите отворени филијали и експозитури во 4 групи според висината на пензијата и тоа:
· до 11.000 денари на 26.6.2020 г. (петок)
· 11.001-14.000 денари на 29.6.2020 г. (понеделник)
· 14.001-18.000 денари на 30.6.2020 г. (вторник)
· над 18.000 денари на 1.7.2020 г. (среда)
Апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа преку електронското или мобилното банкарство, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете. Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за подигнување на средствата од банкомат.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
*24.6.2020 година |