ТТК Банка АД Скопје во поддршка на 8-миот Конгрес на стоматолози од Македонија
Од 20 до 23 септември 2018 година во Охрид се одржа 8-миот Конгрес на стоматолози од Македонија во организација на Македонското стоматолошко друштво и Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.
Конгресот се реализираше под мотото „За здрава насмевка – наука и уметност“, а на истиот се презентираа и разменија искуства од секојдневната стоматолошка пракса како и сознанија за примена на нови трендови, современи методи и материјали.
ТТК Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија реализираше учество на настанот информирајќи ги присутните и учесниците на Конгресот за најновите промотивни понуди на производи и услуги на Банката, како можност за полесна реализација на бизнисот и индивидуалните потреби поврзани со стоматологијата.

*објавено на 23.9.2018 година
|