ТТК Банка во поддршка на здравството во Р. Македонија
Од 15-ти до 16-ти Април во "Александар Палас" се одржа првата “Балканска конференција на педијатри” во организација на македонското Здружение на педијатри и Клиниката за педијатрија. ТТК Банка како општествено одговорна компанија го поддржа настанот и започна цврста соработка и пријателство со здравствениот сектор во Р. Македонија.

Во рамките на веќе започнатиот проект "Во поддршка на најмалите", каде што ТТК Банка даде поддршка на неколку институции и поединци во развојот на детската нега и здравје, таа повторно го даде својот придонес во професионалниот развој на педијатријата, во интерес на здравјето на нашите деца.
Манифестацијата, која има тенденција да стане традиционален настан, ги обедини педијатрите од Балканот во поставување на заеднички консензус во педијатријата, како и поставување глобална академска платформа која ќе ги доближи разликите и специфичностите на детската здравствена нега во овие земји.
ТТК Банка, како општествено одговорна компанија, цел дефинирана во стратегијата на Банката, вложува, предлага и поддржува активности кои придонесуваат во процесот на градење здрава и просперитетна заедница. |