ТТК Банка со најниска каматна стапка од 7,5% на ненаменски потрошувачки кредит
ТТК Банка АД Скопје воведе промени и новитети во рамките на ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум СМАРТ. Сите нови корисници на ненаменски потрошувачкиот кредит Премиум СМАРТ ќе добијат најниска годишна каматна стапка од 7,5% и пониска провизија за одобрување. Кредитот е достапен без жиранти во зависност од висината на платата и износот на кредитот.
Премиум СМАРТ e наменет за корисници кои примаат плата преку Банката и кои сакаат брзо да ги подмират своите обврски во рок од една година.
Со овој чекор, ТТК Банка нуди најниска каматна стапка на пазарот на ненаменски потрошувачки кредити |