ТТК Банка во поддршка на проектот за млади лидери
Во периодот од 22 јули до 12 август 2017 година се реализираше проектот за млади лидери - летни едукативни кампови во организација на Младинската асоцијација YMKA од Битола, во детското одморалиште „Шула Мина“ во Крушево. Настанот се одржува традиционално 15-та година по ред, а оваа година учествуваа повеќе од 150 кампери.
ТТК Банка со задоволство го поддржа проектот со коj им се дава можност на младите луѓе од различна социјална и етничка припадност да станат активни лидери во општеството, да ги елиминираат културните бариери, да работат на својот личен и професионален развој. Со програмата на кампот се поттикнуваат позитивните вредности: одговорност, лидерство, волонтерство, соработка, почит кон животната средина и здрави животни навики. Организацијата на настанот е на високо ниво, а младите се едуцираат преку неформално учење, спорт, забава и дружење.
ТТК Банка подготви симболични подароци за младите кои активно учествуваа во одредени проекти и покажаа најдобри резултати.


*објавено на 21.8.2017 година. |