Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка ја продолжува понудата на атрактивни кредитни производи за физички лица со исклучително поволни услови и во текот на летните месеци.
Корисниците имаат можност да аплицираат за атрактивниот ненаменски потрошувачки кредит со 0% фиксна каматна стапка, со рок на отплата до 12 месеци, за износи до 100.000 денари, за приматели и неприматели на плата/пензија во ТТК Банка, со еднократен надоместок за одобрување.
Исто така, Банката актуелно го нуди ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки кредит со фиксна годишна каматна стапка од само 5,90% во првата година, односно 8,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, со рок на отплата до 10 години,за износи до 10.000 евра, без жиранти, во зависност од месечните примања и без надоместок за одобрување, во промотивен период до 31.8.2015 година.
Овој кредит е особено поволен и за рефинансирање на постојните кредитни обврски и нуди можност, корисниците да се задолжат по поповолна пониска каматна стапка, на подолг рок, со пониска месечна рата и без дополнителни трошоци за одобрување.
Дополнително, Банката ја продолжува понудата на СУПЕР станбениот кредит со атрактивна фиксна годишна каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, со само 10% сопствено учество, без трошок за аплицирање, без трошок за процена за првата година и грејс-период до 12 месеци.
Во рамки на понудата на станбените кредити, корисниците исто така имаат можност да аплицираат и за станбен кредит со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за првите пет години од 4,90% годишно, односно 6,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период.
За повеќе информации за кредитите и поволностите, посетете ги најблиските филијали/експозитури на ТТК Банка.