Ја споделуваме атмосферата од традиционалното искачување на највисокиот врв на Шар Планина на 2747 метри.
Уживајте, се гледаме следната година повторно, на истото место :)!

*објавено на 30.5.2016 година.
______________________
ТТК Банка АД Скопје во поддршка на 35. традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв
На 28. и 29. мај 2016 година, во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“, ќе се одржи 35. традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв.
ТТК Банка, како општествено одговорна компанија, со огромно задоволство, во улога на генерален спонзор, традиционално го поддржува искачувањето на Титов Врв, кое оваа година го има мотото – „Да се искачиме на 2747 метри и да дадеме поддршка Шара да се прогласи за национален парк’’.

Се очекува присуство од над 700 учесници, членови на планинарските друштва од регионот, кои својот освојувачки поход кон врвот ќе го започнат во недела на 29. мај во 6.00 часот.
Опстојувањето и одржувањето на овој настан е од големо значење за развојот на здрава и просперитетна заедница, како и за промовирањето на уникатните и специфични убавини што ги поседува оваа прекрасна земја. Со поддршката, ТТК Банка влијае на свеста за јакнење на спортскиот дух и на здравиот начин на живот.
Во рамките на својата определба да биде институција со високоизградена општествена одговорност, која се грижи за околината во која живее и работи, ТТК Банка поддржува настани што придонесуваат во развојот на здраво општество, како и во подигнување на свесноста за здравиот начин на живот.
Ги покануваме сите љубители на спортот, планината и на природата овој викенд да дојдат и да уживаат во прекрасните пејзажи на Шар Планина.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
|