Признание на ТТК Банка за членството во Словенечко – Македонскиот Бизнис клуб 2010
По повод своето членство на ТТК Банка во Словенечко - Македонскиот Бизнис клуб, свечено и беше доделена признаница на Банката за своето активно учество во овој клуб.
ТТК Банка е активен член во овој клуб со потпишувањето на пристапница од 19.10.2010, каде Претседателот на Управниот Одбор на ТТК Банка, Д-р. Драгољуб Арсовски е носител на активностите.
Со своето членство во овој бизнис клуб, ТТК Банка придонесува во развивање на стопанската соработка помеѓу Р. Словенија и Р. Македонија и во поврзување на заедничките интереси на членовите во рамките на клубот.
Словенечко - македонскиот бизнис клуб е непрофитна интересна заедница на претпријатија и поединци, основан во декември 2004 година. Денеска клубот брои повеќе од 110 членови кои претставуваат јадро на таа стопанската соработка помеѓу двете држави.

|