Штедење за поубава иднина - едукативни активности на ТТК Банка за поттикнување на иницијативата за штедење - по повод Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври

По повод Денот на штедењето - 31-ви октомври, во сите експозитури/филијали на ТТК Банка низ Р. Македонија ќе се организираат едукативни средби со деца, на кои вработените ќе презентираат практични совети како да се заштеди. Покрај вообичаените слатки изненадувања, за децата ТТК Банка обезбеди интерактивни детски касички кои децата сами ги склопуваат, линијарчиња со едукативни афирмации за штедењето, како и специјално дизајнирана ТТК Игралка, со едукативни игри за штедењето.
Дополнително ТТК Банка подготви изненадувања и соодветни подароци за лојалните штедачи.
За можностите за штедење во ТТК Банка, граѓаните може да се информираат и на настанот "БАНКЕКСПО 2013" во организација на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Едукацијата и советувањето за начините и видовите штедење е важна, со цел клиентите да осознаат дека не се потребни многу средства за да почнат да штедат. ТТК Банка активно е насочена кон поттикнување на иницијативата и културата за штедење, како најдобар и најлесен начин да се оствари она што се посакува за поубава иднина.
ТТК Банка им го честита денот на сите штедачи!
* Последна промена направена на веб страната 31.10.2013 година. |