ТТК Банка во поддршка на театарската претстава "Кој се плаши од Викторија Вулф"
ТТК Банка повторно ја докажа својата посветеност во насока на поддршка на културата, преку поддршка на театарската претстава “Кој се плаши од Викторија Вулф”. Претставата беше претставена премиерно пред публиката на 17.03.2012 на сцената на МНТ.

Театарската претстава “Кој се плаши од Викторија Вулф”, во режија на Синиша Ефтимов е работена според истоименото класично дело на Едвард Олби, кое имаше огромен успех и на филмското платно. Станува збор за дело кои ги проблематизира компромисот, флексибилноста, конформизмот и ја пренесува пораката дека, доколку некако успееме да се ослободиме од сето тоа, животот би добил поинаква смисла.

|