На 26 октомври 2019 година се одржа есенското издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“, на сцената на Домот за култура „Иљо Антески – Смок“, во Тетово. |
Оваа година настанот се одржа од 25-ти до 26-ти мај 2019 година, на кој учествуваа 650 планинари од 45 планинарски друштва и 7 различни земји, во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“. Забележителен е бројот на учесници кои ја освоија највисоката точка на Шар Планина на 2.747 метри надморска височина, односно дури 630 планинари. И оваа година планинарите ја поминаа „Вакуфска патека“ долга 14 километри со висинска разлика од 1.047 метри. |
Популарниот детски фестивал „Јаболчиња“ по 24-ти пат се одржа на 18 мај 2019 година во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово, во организација на Здружението на граѓани „Јаболчиња“. |
На 4-ти и 5-ти мај 2019 година во спортскиот центар Борис Трајковски се одржа 34-от Европски куп во традиционално карате за јуниори, кадети и деца во сите поединечни и екипни натпреварувачки дисциплини, во организација на Македонската традиционална карате федерација. |
|