ТТК Банка поблиску до корисниците со новата експозитура во Тетово
Од април 2013 година, деловната мрежа на ТТК Банка стана уште подостапна за корисниците на производи и услуги од Банката.
Новата експозитура на ТТК Банка во Тетово ги нуди сите услуги на банката, како за физички, така и за правни лица, каде што професионален тим ќе овозможи брза и ефикасна услуга, како и понуда на производи и услуги од постојната понуда на Банката. Во рамки на експозитурата е поставен и банкомат. Експозитурата се наоѓа на ул. "Илинденска" бр.226 и ќе работи од понеделник до петок од 08 до 16 часот.
Со овој чекор, во Тетово, ТТК Банка е присутна со 1 филијала и вкупно 4 експозитури.
Во рамки на развојот на деловната мрежа, од 01 Април Филијалата на ТТК Банка во Штип започна со работа на нова, подостапна атрактивна локација во градот, на ул. "Ванчо Прке" бр.67. |