ТТК Банка во поддршка на културата
ТТК Банка во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство ја најавува својата поддршка на 50-тото издание по ред на фестивалот „Охридско лето 2010“, кој започна на 12.07.2010 (понеделник) и ќе се одржува во текот на летото, односно до 20.08.2010.

Во изминатите 50 години, фестивалот „Охридско лето“ се потврди како една од најзначајните културни манифестации во Република Македонија, а паралелно со тоа успеа да го одржи чекорот со европските и светските културни токови и се вброи во екипата на најголеми и најзначајни фестивали во светот. Оваа година, фестивалот нуди богата уметничка програма со настани кои се очекува да предизвикаат огромен интерес во јавноста.
ТТК Банка се одлучи за ваква соработка бидејќи како банка со традиција и искуство, од една страна, и иновација и ентузијазам, од друга, поддржува активности кои претставуваат вистинска вредност во општеството, активности кои придонесуваат во зачувување на културното наследство и традиција, како и зачувување на автентичниот идентитет на творештвото во Македонија. |